Дика Мем може да ја напушти Барселона – познат фаворитот за неговиот потпис

Французинот Дика Мем би можел да ги напушти редовите на Барселона пренесува „rthhandball“.

Мем во редовите на Барселона пристигна во сезоната 2016/2017 и од тогаш со успех настапува за каталонскиот клуб каде што прерасна и во еден од најважните ракометари. Сега наводно голем интерес за него покажал тимот на ПСЖ.

Клубот од Париз според информациите ќе се обиде да го доведе Французинот во летото кое следи, иако Мем со Барселона има договор до летото 2024 година. Пред Барселона во Франција Мем настапуваше за тимот на Трембле каде што ја започна кариерата.