Диви се врати во Македонија – и стана бизнисмен (ФОТО)

Некогашниот репрезентативец на Македонија и сегашен член на Пролет, Петар Ангелов, не е успешен само на ракометните терени.

Тој во родното Кавадарци отвори винарија „Диви“ и на социјалните мрежи се пофали со новиот производ.

Чуварот на мрежата последните година и половина ги мина во германскиот Ратинген заедно со Филип Лазаров и Аце Јоновски.

Претходно Ангелов имаше богата кариера во Тиквеш, Пелистер, Металург и Вардар, со кој се искачи на европскиот врв, а бранеше и за францускиот Трембле, турската Анталија и австрискиот Кремс.