Дибиров: Скубе во Брест ќе мисли само на ракомет!

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе по две години си заминува од европскиот шампион Вардар и во следните две сезони ќе го носи дресот на белорускиот првак Мешков Брест.

Тимур Дибиров за „Балкан Хендбол“ го прокоментира преминот на Скубе во Белорусија.

„Сташ повеќе не сакаше да чека и да биде во неизвесност, затоа реши да си замине од Вардар. Да, тој чекаше некаква информација за иднината на лубот, но има семејство за кое мора да се грижи. Го почитувам Сташ многу. Не се познаваме многу долго, но со него јас ја освоив Лигата на шампионите. Поминавме со него низ многу тешки, но и убави моменти. Тој ќе игра за стабилен клуб и новиот договор му дава доверба и мотивација да ја врши работата најдобро што може“, вели Дибиров.

Скубе дојде во Вардар пред две години од унгарскиот ПИК Сегед, а претходно беше дел од Горење Велење и Тримо Требње.