Дејан Пецаковски верен на Пролет – ќе потпише нов договор

Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски ќе ја продолжи соработката со тимот на Пролет.

Левиот бек, кој лани се пресели во овој тим и беше меѓу најдобрите поединци, ќе потпише нов договор на една сезона.

Засега сигурно е заминувањето од Пролет на голманот Петар Ангелов, а тимот ќе го напуштат најмалку уште двајца играчи од актуелниот ростер.

Пролет го оствари најголемиот клупски успех откако го освои третото место и ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.