Дејан Манасков е најдобар стрелец на Веспрем во новата сезона

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е најдобриот стрелец на унгарскиот гигант Веспрем во досега одиграниот дел од сезоната.

Манасков и Веспрем се активни во домашното првенство и во Лигата на шампионите, а ги одиграа и двата дуели од ланскиот Ф4 во регионалната СЕХА лига.

Унгарскиот тим одигра вкупно 14 официјални средби, а Манасков беше во ростерот на 11 од нив и успеа да постигне 52 погодоци.

На второ место е Андреас Нилсон со 47 голови, додека трет стрелец на Веспрем оваа сезона е Гашпер Маргуч со 45 погодоци.