Десподовска ефикасна во Полска, нова десетка за Кобержице

Екипата на Кобeржице, во која настапува поранешната ракометарка на Металург, Зорица Десподовска, беше убедливо поразена од Јарослав со шест гола разлика, 28:22, во натпревар од 20. коло од шампионатот на Полска.

Десподовска повторно одигра одличен натпревар за својата екипа, но нејзините десет постигнати погодоци не беа доволни за поволен резултат на Кобержице.

На табелата, Кобержице се наоѓа на 3. позиција со 33 освоени бодови.  Десподовска и нејзините колешки во досегашниот тек од сезоната имаат биланс од 11 победи и осум порази.

Кобержице во следното коло, односно на 22 март, на свој терен ќе го пречека второпласираниот тим, Заглебје Лубин.