ЃОРЧЕ КУП 2023: Шест странски и две македонски екипи во борба за трофеј

Денес во нашата држава старува единствениот турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2023“ кој ќе се игра до 27 август.

Турнирот е во организација на македонскиот шампион Ѓорче Петров и на љубителите на ракометот ќе им понуди богата ракометна програма.

Освен домашната екипа, учесник од Македонија ќе биде некогашниот шампион Вардар, додека од странство доаѓаат дури шест екипи.

Тоа се шампионот на јужниот сосед на Македонија, ПАОК Солун, како и Панорама, додека четири екипи се од Србија – вицепрвакот Железничар Инџија, Бекамент Аранѓеловац, потоа Бор и Црвена Ѕвезда.

Покрај Ѓорче Петров, кој е пријавен во европскиот Куп, во Европа следната сезона ќе играат и ПАОК и Железничар во Лигата на Европа.

Утринските натпревари на турнирот ќе се играат во спортската сала „Христо Батанџиев“ во Волково, додека натпреварите во вечерните термини на отвореното игралиште „Камин Кама“.

Во ланското издание, трофејот на турнирот го освои екипата на Бекамент од Србија, втор беше Ѓорче Петров, третото место им припадна на ракометарките на Вардар, четврт беше Борац Бања Лука…

Распоред на денешните натпревари на турнирот „Ѓорче Петров Куп 2023“

12:00 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ПАНОРАМА

17:00 ВАРДАР – ПАОК

19:00 БЕКАМЕНТ – ЖЕЛЕЗНИЧАР

21:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА