Почнува мисијата ЕП, Лазаров ги собира репрезентативците

Машката сениорска репрезентација денеска во 14:00 часот ќе го има собирот пред стартот на ЕХФ неделата која што трае до 7 ноември.

Селекторот Кире Лазаров на списокот стави 22 ракометари, а денеска нема да бидат присутни сите повикани, бидејќи Миркуловски, Пешевски и Митревски имаат натпревари во Германија и Португалија.

Во рамките на ЕХФ недела, Македонија ќе одигра две пријателски средби со африканскиот првак Египет на 4 и 6 ноември во Каиро.

Овие два меча се во рамките на подготовките за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка, каде нашата селекција е во група со Словенија, Црна Гора и Данска.