Денеска на терените: Митревски и колегите по бодови во Букурешт

Составот на Порто, каде што Никола Митревски е прв избор за голот денеска е на тешко гостување во Романија каде што против тимот на Динамо Букурешт ќе се бори за нови бодови.

Ова ќе биде натпревар на кој се очекува Порто да биде во позиција да нападне за поени иако нема да биде воопшто лесно со оглед на тоа што се работи за сериозен ривал кој е предводен од Чави Пасквал кој ја освои титулата со Барселона во Лигата на шампионите пред неколку месеци.

Следуваат уште неколку интересни средби, а денеска се игра и еден дуел од Првата машка лига каде што Јуниор Кисела вода го пречекува тимот на Металург РА.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

16:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – МЕТАЛУРГ РА (Македонија, Прва машка лига)

17:00ч

РАМНИЦУ ВЛЧЕА – ЧСМ БУКУРЕШТ (Романија 1, жени)

18:00ч

ШИОФОК – БУДАОРС (Унгарија 1, жени)

18:30ч

СКЈЕРН – СКАНДЕРБОРГ АРХУС (Данска 1)

САВЕХОФ – ХАМАРБИ (Шведска 1)

18:45ч

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ПОРТО (Лига на шампиони)

МЕШКОВ БРЕСТ – ПИК СЕГЕД (Лига на шампиони)

19:00ч

ЛУГИ – ОНЕРЕД (Шведска 1)

ИШТАД ИФ – АРАНАС (Шведска 1)

19:05ч

ГЕПИНГЕН – БЕРГИШЕР (Германија Бундес лига)

ХАМБУРГ – ВЕЦЛАР (Германија Бундес лига)

ЛЕМГО – БАЛИНГЕН (Германија Бундес лига)

МЕЛЗУНГЕН – МАГДЕБУРГ (Германија Бундес лига)

20:00ч

САРАН – ШАМБЕРИ (Франција 1)

20:30ч

ДИЖОН – ВИЛЕРБАН (Франција 2)

20:45ч

МОНПЕЛЈЕ – КИЛ (Лига на шампиони)