ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетките со дуел против Романија го стартуваат настапот на ЕП!

Денес во Црна Гора стартува Европското кадетско првенство, кое ќе се игра до 13 август. На европскиот континентален собир ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.

Кадетките на Македонија денес во рамките од првото коло ќе се соочат со репрезентацијата на Романија.

Ракометарките на Кристијан Грчевски за ривали во рамки од групата Д ги имаат уште Унгарија и Франција.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во вториот круг.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Романија ќе се одигра во СЦ „Морача“ во Подгорица со почеток од 15:45 часот.

Со дуелот меѓу САД и Германија, односно Египет и Чешка, ќе продолжат натпреварите на Светското кадетско првенство во Хрватска.

Машката кадетска репрезентација на Македонија има ден одмор пред дуелот со Црна Гора и Грузија.

Распоред на денешните натпревари на Европското кадетско првенство:

13:00 ХРВАТСКА – ШВЕДСКА

13:30 УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА

15:15 ШВАЈЦАРИЈА – СРБИЈА

15:45 РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА

18:00 ЦРНА ГОРА – ИСЛАНД

18:00 ДАНСКА – ПОРТУГАЛИЈА

20:15 НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА

20:15 ГЕРМАНИЈА – ЧЕШКА

Рапоред на денешните натпревари на Светското кадетско првенство:

13:00 САД – ГЕРМАНИЈА

13:30  ЧЕШКА – ЕГИПЕТ

15:00 АРГЕНТИНА – САУДИСКА АРАБИЈА

15:30 ИСЛАНД – ЈАПОНИЈА

17:00 БУРУНДИ – ШВЕДСКА

17:30 БАХРЕИН – ШПАНИЈА

19:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ИРАН

19:30 ЈУЖНА КОРЕЈА – БРАЗИЛ