Денеска на терените: Еден пријателски дуел, за понеделнички старт

Репрезентативците на Хрватска после вчерашната средба од ЕХФ Евро купот денеска ќе имаат нов натпревар, но се работи за пријателски.

Исто така во Шпанија, Хрватите ќе ги одмерат силите со селекцијата на Египет. „Фараоните“ кои се предводени од Парондо се подготвуваат за Олимписките игри и тие ќе се обидат да дојдат до што е можно подобра форма. Хрватска иако е со изменет состав ќе има можност за квалитетна контрола.

Натпреварот се игра со почеток во 18 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

18:00ч

ХРВАТСКА – ЕГИПЕТ (Пријателска средба)