ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Европскиот првак на мегдан со Барса, Монпелје на гости кај Веспрем

Денес во рамки од второто коло од Лигата на шампионите ќе бидат одиграни дури пет дуели.

Највозбудливо се очекува да биде на денешното дерби меѓу бранителот на титулата Магдебург и каталонскиот гигант Барселона.

Магдебург во првото коло беше изненаден на свој терен од Веспрем, додека Барселона беше подобра од Монпелје.

Францускиот тим првата победа во европската елита ќе ја брка на гостувањето кај унгарскиот гигант Веспрем.

Како што е познато, македонскиот првак Еурофарм Пелистер вчера на гостувањето во Алборг беше поразен со 38:23.

Во групата А, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, ќе играат Кил со ПИК Сегед, потоа Колстад со Келце и хрватскиот шампион Загреб, кој го очекува тежок дуел со ПСЖ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 AСТРАХАНОЧКА – ДИНАМО (РУСИЈА)

18:00 ЗВЕНГОРОД – ЛУЧ (РУСИЈА)

18:30 ЦСКА МОСКВА – ИЖЕВСК (РУСИЈА)

18:45 КИЛ – ПИК СЕГЕД (ЛШ)

18:45 КОЛСТАД – КЕЛЦЕ (ЛШ)

18:45 ПСЖ – ЗАГРЕБ (ЛШ)

20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – САРАН (ФРАНЦИЈА)

20:45 БАРСЕЛОНА – МАГДЕБУРГ (ЛШ)

20:45 ВЕСПРЕМ – МОНПЕЛЈЕ (ЛШ)

21:30 ХАУКАР – АФТУРЕЛДИН (ИСЛАНД)