Две поранешни вардарови крила во Ол Стар тимот, Французинката Нзе Минко е МВП (ФОТО)

Пред завршните натпревари на Европското првенсто во Данска, беше прогласен Ол Стар тимот на континенталниот собир.

Двете поранешни крила на Вардар, Камила Херем и Јованка Радичевиќ, ја потврдија својата класа по којзнае пат и се најдоа во изборот, додека на бековските позиции место меѓу најдобрите има за Норвежанките Офтедал и Мерк, како и Русинката Бобровникова.

Најдобар пикер е Ана Дебелиќ од Хрватска, најдобра голманка Сандра Тофт од Данска, додека најдобар дефанизвец исто така е од Данска, Лине Хаугстед.

МВП на првенството е Французинката Естел Нзе Минко.

Во финалето од 18:00 часот вечерва ќе играат Норвешка и Франција, додека во мечот за третото место ќе се сретнат Данска и Хрватска од 15:30 часот.