Две екс вардарки ќе го пропуштат стартот на сезоната

Некогашните ракометарки на Вардар, Маиса Песоа и Драгана Цвијиќ, поради повреда ќе го пропуштат стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Бразилката ги скина лигаментите на коленото и ќе паузира најмалку шест месеци, па Ростов ќе биде во големи проблеми, бидејќи од тимот си замина и Ана Седојкина.

Драгана Цвијиќ, која настапува за романскиот ЧСМ Букурешт, исто така ќе го пропушти стартот на сезоната, но нејзината пауза ќе биде помала.

Таа ќе прави операција на менискус на коленото, па паузата според првичните прогнози ќе биде околу два месеци.

Ростов и ЧСМ Букурешт се во иста група во Лигата на шампионите, заедно со Мец, Есбјерг, Кристијансанд, Крим, Битигхајм и Ференцварош.