Два од два во еден здив: И кадетките ќе играат полуфинале, но во Литванија

После машката кадетска селекција уште една репрезентација успеа да обезбеди пласман во полуфинале на ЕХФ шампионат, а станува збор за женската кадетска која со победата од 21:20 против Финска го обезбеди второто место во својата група.

Македонија имаше периоди на одлична игра и периоди на криза, но на крајот од овој дуел најважна е победата бидејќи со неа само беше одработено она што се посакуваше и беше обезбедено посакуваното полуфинале.

Од почетокот на средбата селекцијата на Македонија играше неверојатно. Дури 13 и пол минути голот беше невидлив за противникот. Сепак, предноста која беше направена изнесуваше шест гола. После 6:0 противникот успеа да постигне гол, но предноста беше дефинитивно голема.

Сепак, некако почна да паѓа ритамот, а противикот да се доближува и да ја топи високата предност на Македонија. После 9:5 во 23. минута следуваше две лоши минути и дури четири примени голови така што Финска израмни, па до крајот на првиот дел од натпреварот имаше по два гола на двете страни за на одмор да се замине со 11:11.

Почетокот на вториот дел беше речиси идентичен бидејќи Македонија тргна силно и направи плус четири, 17:13 (44. минута). Како одминуваше време како и заморот да го правеше своето, па во следните осум минути немаше ниту еден постигна гол, а беа примени шест така што Финска ја сврте средбата во своја корист.

Меѓутоа финишот беше одличен. Девојките одново одиграа одлична одбрана и успеаја да се изборат за шанса за победа. На 20:20 се одбранија и во контра можеа да стават печат на оваа средба, но имаше прекршок за пенал, кој беше претворен во гол за конечни 21:20 и голема победа која донесе полуфинале за кадетките.

Веќе е познат и противникот, па в сабота за место во финалето ќе се игра против селекцијата на Полска.

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА          21:20 (11:11)

Сала: Свитурио арена во Литванија. Судии: Барбора Боцакова и Луција Јаносикова од Словачка. Делегати: Тадас Јансонас од Литванија и Јири Конечни од Чешка.

МАКЕДОНИЈА: Јовановска, Чурлиноска, Нестороска, Спасевска, Коловска 2, Дукоска 5, Равојска, Тошевска, Коцева, Пешиќ, Еленин 1, Богојеска, Ризоска 6, Коцева 4, Младеновска 3

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 2 мин.

ФИНСКА: Канинен, Косонен, Уд, Јувала, Нинас, Рут 3, Пауку 1, Гронмарк 4, Валкамо 1, манила, Перхо, Фоли 4, Ларсон 3, Маристо 2, Гоман, Пенанен 2

Седмерци: -, Исклучување: