Тренерот на Архус воодушевен од битолската публика: Имаше одлична атмосфера…

Ракометарите на Архус на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер во рамки од првото коло од групната фаза од Лига на Европа триумфираа со 30:27 и победнички ја започнаа европската авантура.

Тренерот на Архус, Ник Расмусен истакна дека навивачите на „фармацевтите“ биле многу бучни во спортската сала „Боро Чурлевски“ и имаше позитивни комплименти за битолската публика.

,,Речиси беше невозможно да комуницираме меѓусебе, публиката беше многу бучна, тоа беше една позитивна и одлична атмосфера, а ние бевме инспирирани во текот на целиот натпревар. Во воведниот дел од дуелот заостанувавме неколку голови, но потоа бргу фативме ритам. Одлично одигравме во одбраната, а во нападот мислам дека бевме солидни, но имавме голем број на технички грешки”, изјави Расмусен.

Архус во второто и третото коло од Лига на Европа повторно ќе игра на гостински терен. На 1 ноември силите ќе ги одмери со Мотор, додека на 22 ноември ќе го има дуелот против Агуаш Сантас.