Данска и Флензбург остануваат без легендарниот ракометар

После 14 години во дресот на Флензбург и на возраст од 38 години, легендата на ракометот во Данска, Ласе Сван одлучи да му каже збогум на играњето на крајот од оваа сезона.

Десното крило кое е во Флензбург од 2008 година донесе тешка одлука, но после сите успеси кои ги направи реши дека е доволно.

Кариерата ја почна во Гог во 2002 година, а после шест години се пресели во Флензбург и остана верен на овој клуб. Со клубот стигна до две титули во Бундес лигата и една во Лигата на шампионите. Покрај тоа има еден трофеј во Купот на Германија и два во Супер купот.

Затоа, пак, како репрезентативец на Данска има далеку поголеми успеси. Има злато и сребро од Олиписките игри. Освојувач е на две титули на Мундијалите и на две сребра, а има по едно злато и сребро и од Европските првенства.

„За 14 години во Флензбург се развив значително како професионален спортист и како личност. На натпреварот на кој се простуваа Ларс Кристијансен, Андреас Егерт и Томас Могенсен. Не можев ни да замислам како е можно толку долго да играат за ист клуб. Сега го направив тоа и самиот и неверојатно сум горд. За мене Флензбург не е само ракомет. Ова е семејство, пријатели… Ова ќе биде збогум со многу емоции. Еднаш мораше да заминам. Знам дека е невозможно да се игра засегаш. Чувствувам дека сега е времето. Сакам да уживам во мојата последна сезона“, вели Ласе Сван.

Оваа сезона ќе му биде последна шанса за да ги поправи бројките кои ги има направено досега на клупски план.