Данска без селектор ќе и гостува на Швајцарија

Репрезентацијата на Данска в среда и гостува на Швајцарија во рамки на 5. коло од квалификациите за ЕП 2020 од Групата 7 во која се наоѓа и Македонија.

На оваа средба на клупата на Данска ќе го нема селекторот Николај Јакобсен. Тој поради операција на коленото мора да остане дома и не смее да патува. Операцијата била извршена пред 17 дена, а истата ја одлагаше долго време, па сега е спречен да ги води момците на овој натпревар.

„Коленото не е подготвено за долг ден со патување, со летови, чекање, возење со автобус… Затоа морам да останам дома. Коленото е уште недоволно заздравено и морам да користам патерици за да се движам. Сепак, репрезентацијата е во сигурни раце. Хенрик Кронборг и Михаел Брун можам добро да го водат овој состав до добар резултат“, вели селекторот Јакобсен.

Со оглед на тоа што Данска веќе е пласирана на Европското првенство може да си дозволи и кикс, но бидејќи се брка првото место тоа не е дозволиво, па сигурно ќе се игра на максимум.

Инаку, Јакобсен би требало да биде на клупата викендов на домашен терен против репрезентацијата на Финска.