Дали е голман, дали е физиотерапевт, очигледно го бидува за двете улоги (ФОТО)

На почетокот на подготовките за новата сезона не е ништо чудно д се појавуваат грчеви кај ракометарите после напорите. Сепак, добро е кога и меѓу колегите се има некој што знае како да помогне во секој момент.

Една ваква ситуација беше фотографирана на тренинзите на Рајн Некар. Голманот Микаел Апелгрен се најде на вистинско место за да помогне во олабавување на мускулите на колега, па делува како интересен момент.

Дефинитивно можете да погледнете и да пресудите дали репрезентативецот на Шведска е подобар како голман или како физиотерапевт.