Гурбиндо и Њокас се збогуваа со Нант – следни станици Вардар и Металург (ФОТО)

По завршниот турнир во Келн, ракометарите на Нант се вратија во Франција и имаа собир со навивачите.

Дел од ракометарите се простија од францускиот клуб. Заминуваат Матје Батеј и Сирил Демулен во Трембле, Адриа Фигуерас во Шарт, Себастијан Аугустинусен во Штутгарт, Рок Фелихо оди во пензија, Валеро Ривера во Екс Ан Прованс, а уште двајца ќе се преселат во Македонија.

Едуардо Гурбиндо доаѓа во Вардар, додека Оливие Њокас ќе игра за големиот ривал Металург.

„Во Нат имав незаборавна авантура. Сакам да им се заблагодарам на сите, на навивачите, соиграчите, на сите вработени во клубот и на претседателот за се што направи за мене“, кажа Њокас.

Левиот и десниот бек сега ќе бидат ривали во Македонија.

„Тешко е да се зборува во ваков момент. Годините минати во Нант се многу значајни за мене. Мојот син Лијам е роден во Нант, овој град никогаш нема да го заборавам. Да се каже збогум е претешко, повеќе би сакал да кажам – ќе се видиме пак“, кажа Гурбиндо.