Гудјонсон го продолжи договорот со Келце

Исландскиот репрезентативец Сигвалди Гудјонсон и во следната сезона ќе биде играч на полскиот првак Келце.

Десното крило имаше договор до крајот на оваа сезона, но реши да ја продолжи соработката и да остане најмалку до 2022 година.

Тој дојде како замена за Блаж Јанц кој замина во Барселона и се покажа како одличен стрелец.

„Среќен сум што продолжувам во Келце. Го сакам клубот многу и се согласувам со момците. Во клубот има високо ниво на професионализам. На првото место сме во групата во Лигата на шампионите, нашата цел е да ги победиме сите“, вели Гудјонсон.

Покрај Гудјонсон, Талант Душебаев го има на располагање и полскиот репрезентативец Аркадиуш Морито на десната крилна позиција.