Грчка „инвазија“ над Македонија

Во текот на подготвителниот период, двата најдобри клубови од Грција, шампионот АЕК Атина и вицепрвакот Олимпијакос ќе настапат на два турнири во Македонија.

АЕК Атина предводен од екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, повторно ќе учествува на традиционалниот турнир во Струга.

Тимот на Олимпијакос во периодот од 23 до 26 август ќе тестира на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид.

Третиот по квалитет тим од Грција, ПАОК од Солун, во кој настапува голманот од Македонија, Виктор Гигов, планира да одигра неколку пријателски натпревари со македонски екипи.

Наскоро треба да биде дефиниран конечниот план на ПАОК за подготвителната фаза, по што ќе се знае против кои суперлигаши од Македонија ќе има тест проверки.

ПАОК лани зеде учество на 7-то издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.