Грците не истакнаа турско знаме на натпревар, па ќе си платат казна во ЕХФ

Дисциплинската комисија на ЕХФ му изрече три казни на ПАОК за организација на натпреварот од ЕХФ купот за жени против претставникот од Турција, Муратпаша кој беше одигран на 13 септември. Во организација на натпреварот се забележани неколку прекршоци на прописите. Во салата било истакнато погрешно знаме, стоело знамето на Челинџ купот наместо на ЕХФ Купот.

Националното знаме на Грција било забележително во салата, иако на техничката средба било договорено да нема национални занамиња. Третиот прекршок е од публиката. Во 58. минута од натпреварот од гледалиштето било фрлено шише со вода кое предизвикало 10 минутен прекин на мечот.

ПАОК ќе плати казна од 1.000 евра за прикажување погрешно службено знаме. Казна од 500 евра за истакнување на знамето на Грција во салата и казна од 750 евра за фрлање вода од гледалиштето за време на натпреварот или вкупно 2.250 евра.