Грузија без мака против Бугарија, ќе се бори за трофејот на ИХФ/ЕХФ турнирот

Репрезентацијата на Грузија продолжува со одличните изданија на ИХФ/ЕХФ турнирот кој се игра во Тбилиси и во полуфиналето оствари лесна и убедлива победа против Бугарија со 32:19 со која стигна на чекор до освојување на турнирот.

На овој натпревар Грузијците доминираа во текот на сите 60 минути, уште на полувреме ја имаа обезбедено победата кога имаа предност од 22:11. Второто полувреме беше формалност за сигурен пласман во финалето на Грузија.

Во победничкиот состав настапија ракометарите кои играат за екипата на Прилеп, Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Реваз Чантурија и Мириан Гавашелишвили. Единствен кој успеа да се запишe во листата на стрелци беше левото крило Рустамов кој постигна еден гол, a шанса добија играчите со помала минутажа.

Во второто полуфинале Кипар беше поуспешен од Молдавија со 30:28 и обезбеди пласман во финалето. Финалниот натпревар Кипар и Грузија ќе го играат во сабота со почеток од 17 часот кога ќе биде познат победникот на турнирот.