Грузиската врска одлично функционира – Чантурија и Гавашелишвили со атрактивен цепелин (ВИДЕО)

Ракометарите на Прилеп во првото полуфинале од Групата Г во рамки од Купот на Македонија одиграа одличен натпревар против Голден Арт и остварија убедлива победа од пет гола разлика, 30:25.

Прилепчани речиси во целиот натпревар имаа контрола на резултатот и не дозволија изненадување на свој терен. Натпреварот го одбележа цепелинот во „режија“ на грузиските ракометари во Прилеп, Реваз Чантурија и Мириан Гавашелишвили.

Искусното десно крило ја имаше улогата на асистент, додека Гавашелишвили немаше проблем да го постигне најатрактивниот погодок на денешниот натпревар.

Прилеп останува во игра за Ф4, беше убедлив против Голден Арт