Гроздановска ги полни противничките мрежи, му донесе нов триумф на Винтертур

Македонската интернационалка Симона Гроздановска продолжува со одличните настапи во шампионатот на Швајцарија и повторно му донесе нов триумф на Винтертур.

Тимот на Винтертур во натпревар од 6. коло од тамошниот шампионат славеше над Херцогенбуше со пет гола разлика, 31:26 (16:13).

Гроздановска беше најефикасна во победничката екипа, а воедно и на натпреварот. Ракометарката од Македонија постигна девет гола во мрежата на домашната екипа и одигра одлично во одбраната.

Винтертур по пет одиграни кола се наоѓа на 3. позиција на табелата со седум бода. Утре екипата на Гроздановска ќе игра против Михаловце од Словачка во рамки од второто коло од Европскиот Куп.