Грецки е верен „лав“ – останува во Рајн Некар до 2023 година

Германскиот репрезентативец кој настапува на позицијата десно крило, Патрик Грецки, го продолжи договорот со Рајн Некар Левен.

30-годишниот ракометар досега за „лавовите“ има одиграно 544 натпревари, а постигнато 1543 погодоци.

Раководството на тимот го продолжи договорот со Грецки до 2023 година, а доколку го одработи до крај, тоа ќе бидат вкупно 16 одиграни сезони за РНЛ.