Гоце Георгиевски е најдобро десно крило во Романија!

Реномираниот романски спортски весник „Про Спорт“ заедно со 14 тренери на сите тимови од првенството го избра идеалниот тим за сезоната 2019/2020.

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, кој беше меѓу најдобрите играчи во ЧСМ Букурешт е избран за најдобро десно крило. Тој има уште една година договор со тимот од романската престолнина, но има понуди од Металург и Вардар за следната сезона.

За најдобар голман е избран Сеиад Хиедарирад од Динамо Букурешт, најдобро лево крило е Милан Котрч од Баја Маре, додека најдобар лев бек е Анте Кудуз од Динамо. Средниот бек на Динамо – Камел Алуини, десниот на Темишвар – Мариус Садовеак, како и пикерот на Стеауа, Немања Грбовиќ, исто така добија место во идеалниот тим.

Најдобар дефанзивец е Дан Савенко од шампионот Динамо, најдобар млад ракометар е Чаба Ливиу од ЧСМ Букурешт, додека титулата МВП ја понесе Хрватот Кудуз. Во женската лига на Романија, МВП титулата отиде кај Кристина Неагу.