Гостинска победа за ЦСКА, Ристовска перфектна со „три од три“

ЦСКА Москва запиша победа на денешното гостување против Астраханочка со 26:34.

Од почетокот на натпреварот ЦСКА најави дека ќе ја оправда фаворитската улога и не остави простор домаќинот да се надева на изненадување.

Македонската репрезентативка Сара Ристовска на теренот помина нешто повеќе од 29 минути и за тој период од три обиди постигна три гола. Со оваа победа тимот на Ристовска направи предност од четири бода во однос на Ростов кој својот натпревар од ова 18 коло допрва треба да го игра.

Веќе во следното коло на 15. март Ристовска и друштвото ќе бидат домаќини во дербито токму против Ростов.