Горан Крстевски продолжува во Романија

Македонскиот интернационалец Горан Крстевски, најверојатно и следната сезона ќе го носи дресот на романскиот тим Фочани.

Крстевски, кој по настапите за австрискиот Линц, се пресели во Романија, оваа сезона игра во одлична форма и е еден од носителите на играта на Фочани.

Со романскиот тим Крстевски беше дел од Европскиот Куп и стигна до осминафиналето оваа сезона.

Иако имаше понуди за враќање во Македонија, сепак тоа нема да биде случај и средниот бек најверојатно ќе остане во Романија.

Крстевски потекнува од Ресен, афирмацијата ја стекна во Металург Јуниор и Металург, а беше дел од Еурофарм Работник пред да замине во странство.

Настапи за македонската репрезентација на последното Европско првенство во Дебрецин, но не се најде на списокот на Лазаров за бараж дуелите за СП.