Гол и солзи за крај – Георгиевски заврши на рацете на соиграчите (ФОТО+ВИДЕО)

Последниот натпревар во дресот со националниот грб го одигра десното крило Гоце Георгиевски.

Леворакиот играч го постигна последниот погодок за Македонија на мечот со Турција, кој го добија нашите ракометари со 30-27.

Тоа всушност беше последен репрезентативен погодок и репрезентацијата за секогаш скромниот и до крај професионалниот Џомба.

По крајот на натпреварот, Георгиевски заврши на рацете на соиграчите, а емоциите беа пресилни…