Голужа за инвазијата на шпански тренери: Ова е сериозен шамар за нас балканците!

Тренерот на словачкиот првак Татран Прешов, Славко Голужа, и во следната сезона ќе остане на клупата на овој тим, иако нема да игра во Лигата на шампионите, туку во Лигата на Европа.

Голужа беше прашан за инвазијата на шпанските тренери низ европските клубови, а имаше интересен одговор.

„Тие многу добро се „држат“. Доаѓаат во клубови каде што се средени финансиските ситуации. Ова е сериозен шамар за сите нас балканците,  мислам дека не се „држиме“ добро меѓусебе. Никогаш несум слушнал некој шпански тренер да зборува лошо за некој друг колега, а кај нас тоа го има многу. Мора да сфатиме дека после ова што ни се случува сега, мораме уште повеќе да се чуваме едни со други“, вели Голужа за „Balkan Handball“.

Иако сезонава Татран Прешов беше голем фаворит за титулата во Словачка, сепак тамошната федерација го поништи првенството и нема да има шампион.