Голман од Тунис пред трансфер во Војводина

По освојувањето на десеттата јубилејна титула во шампионот на Србија, раководството на Војводина реши да направи одредени кадровски промени.

Според пишувањата на „Спортски Журнал“ ново засилување во екипата од Нови Сад ќе биде голманот од Тунис, Идрис Идриси. Во својата кариера Идриси настапуваше и за Африкан.

35 годишниот голман во шампионот на Србија ќе биде замена за неговиот сонародник, Ахмед Бедуи, кој најверојатно ќе си замине од Војводина. Искусниот голман од Тунис редовите на српскиот шампион ќе ги засили од екипата на Есперанса.

Претходно Војводина ги ангажираше кружниот напаѓач Живан Пешиќ, десниот бек Милан Савиќ и десното крило Милан Васиќ. До стартот на новата сезона се очекуваат уште неколку засилувања.

Засега неизвесно е дали ќе остане некогашниот МВП на младинското ЕП, Грегор Оцвирк, кој своевремено го носеше и дресот на Вардар и во изјава за тамошните медиуми истакна дека посакува да остане во клубот.