Голем удар за Шведска: Паличка и Клар се позитивни, го пропуштаат големото дерби со Норвешка

Ниту селекцијата на Шведска не ја одминуваат проблемите со коронавирусот, но без оглед на тоа избраниците на Глен Солберг туркаа добро на ЕП.

Пред последниот дуел од главната рунда, скандинавскиот двобој со Норвешка, Солберг остана без двајца важни ракометари.

Станува збор за голманот Андреас Паличка и средниот бек Феликс Клар, кои добија позитивни резултати на коронавирус.

Се уште не е јасно дали Солберг ќе повикува нови ракометари, но ќе биде во трка со времето, бидејќи дуелот се игра утре и ќе реши која од овие две селекции ќе обезбедат место во полуфиналето.