Бундеслигашот реши да штеди: Кузмановски и Хановер нема да играат во Лигата на Европа!

Уште еден отказ доби Европската ракометна федерација за настап во европските купови. По многуте екипи од други држави, дојде ред и германска екипа да се откаже од Лигата на Европа.

Новиот тим на Филип Кузмановски, Хановер, реши да не се пријави за настап во второто по ранг европско наптреварување, поради финансиски причини.

Тоа значи дека се отвора уште едно слободно место во групната фаза, па нема да биде изненадување и ако Металург и Еурофарм Пелистер добијат директно место во групите.

Германија останува со Кил и Фленсбург во Лигата на шампионите, а во Лигата на Европа би требало да играат Рајн Некар Левен, Фуксе Берлин и Магдебург.