Голем пех за Металург – се повреди и Милан Лазаревски!

Тимот на Металург во следните неколку недели ќе биде без услугите на кружниот напаѓач Милан Лазаревски.

На денешниот утрински тренинг, на Лазаревски му била пукната аркадата, па го очекува пауза во следниот период.

Стратегот Иван Марковски ќе има големи проблеми на пивотменската позиција и ќе мора да се снаоѓа во следните натпревари само со Андреј Митиќ.

Ако се знае дека Марко Тарабокија ќе биде надвор од терените во следниот период поради повредата на лакотот на левата рака, тимот од Автокоманда ќе има тешка задача да ги надомести нивните отсуства.

Следен предизвик за Металург ќе биде гостувањето во Охрид, а за викендот ќе го пречка Еурофарм Пелистер.

Тарабокија нема фрактура, но не се знае колку долго ќе отсуствува од терените