Голема победа за Томовски и Лудвигсхафен – го срушија шампионот Фленсбург!

Тројца од македонските интернационалци вечерва беа на терените во Бундес лигата. Филип Талески и Филип Миркуловски немаа причини за радост, додека Мартин Томовски и неговите соиграчи се израдуваа на голема победа над шампионот Фленсбург.

Балинген беше поразен на гостувањето кај Кил со 36-26, а македонскиот репрезентативен лев бек постигна два гола од три обиди. Вецлар загуби кај силниот Фуксе Берлин со 32-27, а поранешниот среден бек на националниот тим, имаше два гола од три обиди.

Мартин Томовски и Лудвигсхафен остварија голема победа над шампионот Фленсбург, 25-23. Нашиот голман бранеше 16 минути и успеа да оствари 4 интервенции, а имаше голем процент на одбранети удари, 44%. Сите негови одбрани беа во моментите кога се решаваше победникот.