Harun Hodzic (Chambery Savoie Mont-Blanc Handball)

Големата надеж на БиХ останува во Шамбери до 2025 година

Младиот голман од БиХ, Харун Хоџиќ по одличните партии на голот на Шамбери, беше награден со продолжување на договорот. Големата надеж на босанската репрезентација во еден од најдобрите француски клубови ќе остане уште три сезони.

22 годишниот голман беше на мета на неколку богати клубови, кои што го посакуваа во своите редови за следната сезона, но раководството на Шамбери не дозволи заминување на еден од најперспективните голмани во Европа и успешно ја продолжи соработката со репрезентативниот голман на БиХ.

Босанецот беше втора опција на голот во тимот предводен од Ерик Мате. Неговиот довчерашен колега, Никола Портнер од следната сезона ќе го брани голот на Магдебург, додека нов голман во Шамбери ќе биде хрватскиот репрезентативец, Филип Ивиќ.

Својата кариера, Хоџиќ ја започна во екипата на Челик Јуниор од Зеница. Во сениорската екипа на Шамбери се приклучи во текот на 2020 година, претходно беше дел од младинскиот состав на клубот. Во минатата сезона одигра на сите натпревари од францускиот шампионат, на дел од нив беше клучен фактор за победа на неговиот актуелен клуб.