Голден Арт „пријателски го преслуша“ Бутел

Откако завршија како последни на турнирот во Струга, ракометарите на Бутел три дена подоцна доживеаја нов пораз, овојпат на домашен терен во пријателски меч против Голден Арт, 21-28.

Двата тренери се договориле да играат 3×20 минути и да им дадат шанса на сите ракометари, но резултатот на крај сепак бил речиси двoцифрен во корист на гостите од Аеродром.

Бутел лани заврши како третопласиран во Супер лигата, но во подготвителниот период засега не може да ги намести „нишанските справи“ и да ја „збие одбраната“. До почетокот на првенството има малку време, и тимот сигурно ќе бара начин како да ги поправи сите недостатоци.

Голден Арт по една година повторно е во елитата, а по дуелот со Бутел ќе отпатува на Косово каде ќе одигра и две средби, со Приштина и со Кастриоти. Тимот се засили со неколку ракометари и целта е да бидат стабилен тим следните сезони.