Голден Арт КЛ7 во драматичен финиш го победи Драчево

Тимот на Голден Арт КЛ7 славеше на пријателскиот натпревар со прволигашот Драчево со два гола разлика, 31-29.

Драчевци одржуваа резултатска рамнотежа во текот на целиот меч, а на полувреме беше нерешено, 16-16.

Сепак избраниците на Велимир Настески при резултат 29-29, направија грешки, па беа казнети од КЛ7 во драматичниот финиш на натпреварот.

КЛ7 со новиот стртег Игор Котевски ќе се обиде да обезбеди опстанок во најсилната конкуренција, додека Драчево ќе се бори за бараж за влез во елитното друштво.