Голден Арт КЛ7 во вториот дел го скрши отпорот на Аеродром

Ракометарите на Голден Арт КЛ7 остварија нова побед и продолжуваат максимално во рамки на групата Б од Првата лига и во 5. коло на домашен терен ја совладаа екипата на Аеродром со 34:22.

Домашниот тим го имаше поечтното водство, беше 3:1 но Аеродром израмни многу брзо на 5:5. Следуваше добар период на гостите и прво водство од 6:8, на ова Голден Арт КЛ7 возврати и до полувреме обезбеди предност од 15:12.

Во второто полувреме Голден Арт КЛ7 имаше многу подобро издание и успеа да го скрши отпорот на Аеродром. После десетина минути игра веќе беше 21:15 со што домашниот тим најави сигурна победа. До крај на дуелот Голден Арт КЛ7 успеа да стигне и до двоцифрен триумф.

Со оваа победа Голден Арт КЛ7 има максимални пет победи и одржува чекор со Алкалоид кој исто така е перфектен. Најпрецизен во составот на победничкиот тим беше Давид Даев со девет гола, а по шест постигнаа Миланов и Илиев. Во составот на Аеродром најефикасен беше Иван Митревски со шест погодоци.