Гледајте ја ВО ЖИВО ждрепката за групите од Лигата на шампионите (ЛИНК)

Погледите на ракометните вљубеници низ Европа денеска ќе бидат вперени кон првата ждрепка пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Веќе се познати 16 учесници, меѓу кои и Вардар, во машкото  елитно натпреварување, кое од септември ќе се игра по друг формат.

Две групи во кои ќе има по осум екипи ќе играат двокружно, а пред ждрепката 16 тима се поделени во четири шешири за разлика од лани кога беа во осум.

Гледајте ја ждрепката во Виена на следниот линк…