Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Тулуз – Металург (ЛИНК)

Ракометарите на Металург денеска го играат натпреварот од 1. коло од Групата А во Лигата на Европа. Гостуваат во Франција кај составот на Тулуз, а средбата почнува од 18:45 часот.

Веќе е добро познато дека натпреварите на Металург ќе се емитуваат на Македонската телевизија така што и оваа средба ќе може да се следи на МТВ.

Со овој натпревар стартува новата сезона од Лигата на Европа за македонските претставници, а за разлика од Металург, Еурофарм Пелистер ќе почека до следниот вторник бидејќи средбата против Татабања е одложена.

Денешниот дуел ќе оди во пренос на МТВ 1 и МТВ 3, а доколку не сте во можност да ги следите овие канали на вашите ТВ приемници тогаш можете да ги следите преку нет.

 

ЛИНК 1

ЛИНК 2