Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Вардар и Веспрем (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат последниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите.

Во Скопје гостува унгарскиот гигант Веспрем, со поранешните вардарци – Мораес, Борозан, Штербик и Манасков, како и тренерот Дејвис.

Во домашниот тим ќе ги нема повредените Толедо и Дисингер, а ќе отсуствува и голманот Артурс Кугис. На негово место во ростерот е 19-годишнио Васил Гогов, додека се враќа и левиот бек Сергеј Горбок.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра денеска во СЦ  „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот, а може да го гледате на следните ЛИНК1, ЛИНК 2.