Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Мешков Брест – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска е на тешка мисија бидејќи треба да игра против составот на Мешков Брест на реваншот од четврт-финалето во СЕХА лигата.

На оваа средба тимот од Битола отпатува со негатива од четири гола од првата средба, 27:31 така што ќе биде потребно да се одигра многу поефективно отколку на првиот дуел.

Ќе биде навистина тешко, но на ракометарите на Еурофарм Пелистер е да се обидат да дојдат до позитивен епилог. Севкупниот победник од овој двобој оди во Задар, па затоа нашиот претставник нема што да загуби денеска туку може само да добие и затоа може да оди на „сè или ништо“.

Овој натпревар ќе оди во пренос на Македонската телевизија и почнува во 16 часот. Ќе можете да го следите на еден од линковите во продолжение.

ЛИНК 1

ЛИНК 2