Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Финска (ЛИНК)

После двете победи на стартот кадетките претрпеа пораз од Шпанија, но во натпревар во кој одиграа одлично и му парираа на фаворитот.

Оттаму денеска е за очекување да биде покажана одново игра со која репрезентацијата на Македонија ќе се обиде да направи сè што е можно за да дојде до посакуваниот резултат. Денеска ќе се влезе со голем мотив и за очекување е Македонија да дојде до бодови и да го потврди пласманот во полуфиналето.

Средбата почнува во 16 часот, а судии на овој натпревар се Барбара Боцакова и Луција Јаносикова од Словачка. Делегати се Тадас Јансонас од Литванија и Јиржи Конечни од Чешка.

Натпреварот ќе можете да го гледате на следниот ЛИНК.

*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.