Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар (ЛИНК)

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар може да го даде одговорот за новиот шампион на Македонија и тука нема многу дилеми околу тоа каков би бил епилогот на првенството.

Со победа денеска тимот на Вардар ќе реши сè и нема да има повеќе никаква дилема околу тоа кој финишира прв на крајот од сезоната.

Еурофарм Пелистер мора да брка победа од девет гола што ќе биде тешко со оглед на фактот дека вардарци играат во подобра форма и тоа го покажаа и во финалето од Купот на Македонија.

Првата средба која се играше во Скопје заврши со победа на Вардар од 35:27, а денешната се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.

Овој натпревар може да се следи на Македонската телевизија или на каналот на youtube на Ракометната федерација на Македонија.

ЛИНК 1

ЛИНК 2

ЛИНК 3