Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Вардар – Нексе (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар денеска го имаат вториот дуел од СЕХА лигата и воедно натпревар кој ќе биде како генерална проба пред заминувањето за Португалија на пресметката од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ денеска играат со екипата на Нексе, а тоа е двобој кој ќе биде искористен за тест на формата на момците кои ќе имаат тежок распоред целиот февруари.

За Вардар денеска ќе дебитира новиот лев бек, Васко Шеваљевиќ, па ова ќе биде можност за да се види неговата форма во моментов и колку големо засилување ќе биде за вардарци.

Средбата почнува од 20:15 часот, а ќе се емитува на спортскиот канал на МТВ. Доколку не сте пред ТВ приемниците можете да го следите на следниот ЛИНК.