Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Вардар – Загреб (ЛИНК)

Македонскиот шампион Вардар вечерва го игра првиот четвртфинален натпревар oд регионалната СЕХА лига.

Ривал е хрватскиот шампион Загреб, кој во Скопје доаѓа со зголемена самодоверба по освојувањето на турнирот во Добој.

Натпреварот ќе се игра пред 1.800 навивачи, во СЦ „Јане Сандански“.

Започнува од 20:15 часот, а може да го следите на овој ЛИНК.