Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Барселона – Нант (ЛИНК)

Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од завршниот турнир во Лигата на шампионите, со што ќе се стави крај на сезоната во европски рамки.

Во второто полуфинале Нант на Кире Лазаров ќе се соочи со Барселона, тимот со кој нашиот капитен и селектор ја освои единствената европска титула досега во 2015 година. Овој дуел се игра од 18:00 часот во „Ланксес Арена“.

Барселона на Ф4 често го плаќа данокот на слабата Асобал лига, а дали така ќе биде и овојпат, ќе видиме. Ова ќе бидат последните натпревари во каталонскиот тим за тренерот Пасквал, капитенот Ентрериос и уште низа играчи, па ќе имаат дополнителен мотив да си заминат на најдобар можен начин од Барса.

Натпреварот меѓу Барса и Нант може да го гледате на следниот ЛИНК.